Конор Мекгрегор (36) последен пат се бореше во јули 2021 година кога загуби од Дастин Порие поради скршена нога, а од истиот борец загуби и шест месеци порано.
Последните четири години ги помина во приватен бизнис, но и на суд, каде во ноември 2024 година беше прогласен за виновен за силување.
Во вторник на „Икс“ сподели видео за приредбата „ВрестлМанија“ и даде услов под кој би се вратил во боречките спортови. “Ќе се вратам само ако се борам на стадион”, напиша ирскиот борец.