Останати спортови ММА- женската конкуренција

Европската шампионка Даниела Алексовска влегува во кафезот за својата прва полупрофесионална борба

Подготвена сум повторно да го бранам Mакедонското знаме, изјави Алексовска.

Европската шампионка Даниела Алексовска влегува во кафезот за својата прва полупрофесионална борба

Нашата европска шампионка, Даниела Алексовска, на 4 јули ќе влезе во кафезот за својата прва полупрофесионална борба на престижниот настан ARMMADA 13 во Бачка Паланка, Србија.

Таа ќе се натпреварува во категоријата до 52.2 кг против Ева Круз (Éabha Cruise) од Ирска.

Оваа борба ја означува првата појава на Даниела во кафезот по освојувањето на златниот медал на Европското првенство, и со овој настап, Даниела станува првата Македонка која стигнала до ова ниво во ММА Спортот во женската конкуренција.

„Посветеноста на мојот тим „Д Стронгест“ и поддршката од луѓето во Македонија ми даваат силна мотивација. Подготвена сум повторно да го бранам Mакедонското знаме“, изјави Алексовска.

To top