Кошарка Шпанија ослабена на ЕП

Серхио Љуљ стави крај на репрезентативната кариера

Серхио Љуљ стави крај на репрезентативната кариера

Легендарниот шпански кошаркар Серхио Љуљ се повлекува од националниот тим по повеќе од 15 години.

Шпанската федерација потврди дека 37-годишниот светски и европски шампион се збогува со својот национален тим.

Серхио Љуљ стана светски шампион со Шпанија во 2019 година во Кина, а освои европски титули со тимот од Пиринејскиот Полуостров во 2009, 2011 и 2015 година.

„Секогаш сум давал сè од себе. Но, ќе имам 38 години. Секако, сакам да играм за клубот уште неколку години, а имам семејство дома на кое му недостигам. Едноставно морав да ја донесам оваа одлука“, рече Љуљ.

Шпанците ќе ја бранат титулата Европско првенство ова лето, но без Љуљ.

To top