„Лука Дончиќ потврди дека ќе игра за Словенија на претстојниот Евробаскет“, објави претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Словенија, Матеј Ерјавец.
„Имав состанок со генералниот менаџер на Лејкерси, Роб Пелинка, и тој ми рече: „Ќе го земеш Лука и еден тренер и тоа е тоа. Воопшто немаше дискусија за тоа дали ќе учествуваат на Евробаскетот“, рече Ерјавец.
Така, асот на Лејкерси уште еднаш го потврди фактот дека неговата земја и репрезентација секогаш се на прво место. Тој ќе ја предводи Словенија во групата Д, која се игра во Полска, а покрај домаќините, нивни ривали ќе бидат Исланд, Франција, Белгија и Израел.