Џанпјеро Гасперини е сè поблиску да стане нов тренер на Рома. Според информации од италијанските медиуми, искусниот стратег веќе го информирал раководството на Аталанта за својата подготвеност да го напушти клубот, со што ќе стави крај на деветгодишната ера во Бергамо.
Гасперини се сретнал со сопствениците на Аталанта, Антонио Перкаси и Стивен Палиука. Додека претходно барал гаранции за продолжување на договорот, инвестиции во тимот и амбициозни цели за наредните сезони, сега ситуацијата е променета – 66-годишниот тренер, според написите, ја загубил мотивацијата по тоа што ја однесе Аталанта по петти пат во Лигата на шампионите во последните седум години и ја освои Лига Европа во 2024 година.
Гасперини веќе е во преговори со Рома за да го наследи Клаудио Раниери, кој привремено ја водеше екипата.
Друг кандидат беше Сеск Фабрегас, но Комо не сака да го ослободи од договорот. Интересно е што и самиот Раниери имал разговор со Гасперини, што се гледа како подготовка за формални преговори.