Фудбал Италјанецот задоволен и покрај поразот

Анчелоти: На терен бевме рамноправни, иако ни фалеа пет дефанзивни фудбалери

Анчелоти: На терен бевме рамноправни, иако ни фалеа пет дефанзивни фудбалери

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти е задоволен од она што го одиграа неговите избраници, а причината за поразот ја бара во отсуството на пет дефанзивци.

„На двапати имавме можност да израмниме на 4-4. Натпреварот беше неизвесен до самиот крај. На теренот бевме рамноправни. Добро напаѓавме, можевме и уште подобро, но направивме грешки кои на крајот нѐ чинеа примени голови. Лоши бевме во одбраната, но да не заборавиме дека ни недостасуваа пет дефанзивци. За да победите на ваков натпревар, мора добро да напаѓате и добро да се браните, а ние само добро напаѓавме.“ – рече тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, после поразот од 4-3 во Ел Класико.

To top