Таа не до така оддамна важеше за една од најпознатите и најпопуларни телевизски водителки, која ТВ кариерата ја стави во мирување за комплетно да и се посвети на професијата на новото време – инфлуенсерството.
Несудена балерина, ама затоа можеби и иден маркетинг менаџер, ПР или менаџер за односи со јавност, како што и гласи универзитетската диплома и тоа со веќе стекната менаџерска пракса. Но не академска, туку онаа од младоста, кога со години беше менаџер на можеби најкултиот ноќен клуб во Македонија – „Хард Рок“, легендарната скопска дискотека од 90-ите.
Храбра како жена, за многумина можеби и фатална, која не трпи неправди, па на нив бурно реагира со остри зборови. Особено кога нешто лично ќе ја погоди и „извади од кондури“, кога ќе ја р’чнат таму кај што не треба и тоа како знае да биде „отровна“! Тогаш „без влакна на јазикот“ сече како со сабја, користејќи го своето најубоито оружје – социјалните мрежи. Во спротивно, како што самата вели, приземна, коректна и секогаш расположена за комуникација!