Познати 14 години

Кејт и Вилијам слават годишнина од брак, еве зошто нивната свадба не беше државна церемонија

Венчавката на принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон се одржа во петок, 29 април 2011 година, во Вестминстерската опатија во Лондон.

Кејт и Вилијам слават годишнина од брак, еве зошто нивната свадба не беше државна церемонија

Пред 14 години, во Лондон британскиот принц Вилијам и неговата избраничка Кејт Миделтон го кажаа судбинското „да“.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се венчаа на 29 април 2011 година во Вестминстерската опатија во Лондон по 10 години врска. Тие се верија на 20 октомври 2010 година, а свршувачката беше објавена на 16 ноември истата година.

Венчавката беше емитувана во живо на телевизија низ целиот свет и сите очи беа вперени во младиот пар. Сепак, на многумина не им беше јасно зошто оваа свадба не беше државна церемонија.

Бидејќи Вилијам не беше директен наследник на престолот, свадбата не беше целосно државна церемонија, па младенците можеа сами да одлучат за многу детали од нивната свадба, вклучително и за голем дел од списокот на гости, кој броеше околу 1.900 луѓе.

Сепак, тоа беше неработен ден во Обединетото Кралство, а свадбата беше во голема мера церемонијална по природа. На свадбата присуствуваше кралското семејство, како и голем број претставници на странски династии, дипломати и други гости лично избрани од младенците.

На свадбата, Кетрин Мидлтон носеше бела венчаница со вел долг 270 сантиметри, која г изработи Британката Сара Бартон, а имаше и тиара што ѝ ја позајми кралицата Елизабета II.

Принцот Вилијам ја носеше својата униформа како почесен полковник во Ирската гарда. Кум на Вилијам беше неговиот брат принцот Хари, а негова деверуша беше сестрата на невестата Пипа Мидлтон. Свадбената церемонија започна во 11 часот наутро. Деканот на Вестминстерската опатија, Џон Роберт Хол, ја служеше мисата, надбискупот од Кентербери, Роуан Вилијамс, ја водеше самата свадбена церемонија, а лондонскиот бискуп, Ричард Шартр, ја одржа проповедта. Братот на невестата, Џејмс Мидлтон, читаше. По церемонијата, штотуку венчаната двојка беше придружена со кочии до Бакингемската палата, каде што, според традицијата, младенците и кралското семејство ја поздравија толпата од балконот што се собра за таа пригода.

Настанот заврши со прелет на Кралските воздухопловни сили над Бакингемската палата. Малку подоцна, принцот Вилијам ја возеше војвотката Кетрин во „Астон Мартин DB6“ на неговиот татко, откако принцот Хари и Џејмс Мидлтон го украсија автомобилот со регистарски таблички на кои пишуваше „штотуку венчани“.

Кејт Мидлтон технички е и принцезата на Вилијам од Велс, но не и официјално принцеза Кетрин, затоа што е родена во граѓанско семејство.

Парот има три деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот.

To top