Дензел Вашингтон се впушти во жестока расправија со фотограф на Канскиот филмски фестивал во 2025 година, во еден момент му се доближа многу блиску и му се дереше.
Актерот се појави синоќа на црвениот тепих во Кан за премиерата на Highest 2 Lowest, кога му се приближи на еден од многуте фотографи што беа наредени да ги фотографираат ѕвездите на настанот.
Еден од нив се чини дека го потапкал за да се сврти за да може да го фотографира, што на актерот воопшто не му се допаднало. Вашингтон му се приближил на фотографот, му се доплижал до лицето и го покажал со прст, викајќи.
Фотографот се насмевнал и навидум се обидел да ја „смири топката“ фаќајќи го оскаровецот за рака, но тоа само ја влошило ситуацијата.
„Прекини, прекини, прекини“, повторувал Вашингтон, туркајќи му ја раката на фотографот и си заминал.
Denzel Washington appeared to have a tense exchange on the “Highest 2 Lowest” red carpet at the 78th annual Cannes Film Festival. 🎥: Getty pic.twitter.com/NirZELEloi
— New York Post (@nypost) May 19, 2025
Пред разговорот, Вашингтон разговарал со својот колега од филмот, A$AP Rocky. Додека режисерот Спајк Ли му се приближувал на раперот за да разговара со него, Вашингтон го насочил вниманието кон дотичниот фотограф.
И покрај напнатата ситуација, актерот беше цел насмеан во киното, каде што тој, Ли и Rocky заработија овации за нивната работа во филмот.
Highest 2 Lowest е петта соработка на Вашингтон и Ли и нивна прва по речиси 20 години.