Родени во Штудгард – Германија, заедно со брат му близнак уште од малечки ќе покажат интерес за музиката, а таа ќе ги одведе дури до студии на музичка академија. Во родниот Прибој на семејството, се враќаат, па по војната во Југославија, повторно заминуваат за Германија, но браќата – близнаци музиката ги мами да дојдат во српската престолнина за да снимат песна и да се обидат да направат музичка кариера.
Белград толку ќе им се допадне и ги омами, што во него ќе останат засекогаш или барем до ден денес. Настапите на белградските сплавови и по останатите локали ќе им донесат репутација, но и бројни познанства со некои од најголемите музички ѕвезди и најпознати автори на српската естрада, како Марина Туцаковиќ на пример.
Потенцијалот на близнаците бргу ќе биде препознаен, па за кус период од тотални анонимуси ќе снимат дури три албуми, од кои ќе излезат бројни хитови. Но, братското дуо близнаци потоа ќе се растури и секој ќе замине на своја страна. Едниот ќе се посвети повеќе на создавањето песни и продукцијата, додека другиот ќе ја прифати улогата на клавијатурист во растечката популарност на „Лексингтон бенд“. Токму нивниот пејач ќе го натера од зад клавирските типки и придружните вокали, тој да стане главен вокал, соло пејач кој суверено ќе ја завладее сцената.
Корона пандемијата за естрадата ќе биде погубна, но, за него добитна, зашто снимајќи клавирско-вокални преработки на туѓи познати песни кои ги споделува на социјалните мрежи станува одново ултра популарен, што ќе му ја врати во естраден живот кариерата.
Тоа ќе придонесе во 2022 година да ја наполни дури осум пати МТС салата во Белград, издигнувајќи се како име за кое нашироко се зборува во регионот.
Првиот соло албум „24/7“ доаѓа следната 2023 година, а веднаш по него лани и вториот, „Книга на животот“ и распродадени три концерти во Сава центар во Белград.
Но, успехот во кариерата е проследен со мноштво „стапици“, меѓу кои и тешката борба со откажување од алкохолот, кој како резултат на боемскиот живот што ги следи естрадните уметници, се заканува да му ги уништи и кариерата и приватниот живот.
За среќа од оваа животна битка излегува како голем победник, приватно уште посилен, професионално уште попопуларен, кој заедно со неговиот Big Concert Orchestra доаѓа на 15 мај во Скопје, на голем солистички концерт во Арената „Јане Сандански“.
Претходно, денес ексклузивно еве го во интер ток шоуто „Ништо лично“ лице в лице со Антонио Димитриевски, за да ја раскаже својата животна приказна, но и за да и долови на публиката што се’ може да очекува од него и неговата музика на скопскиот концертен спектакл, кој Пеџа Јовановиќ го подготвува за своите обожаватели во Македонија.
Поткастот премиерно проследете го вечерва, среда (23. април 2025), во 20.00 часот директно на YouTube каналот на КурирМК (