Занимливости сплит

ВИДЕО: Реновирана легендарна плажа Жњан

Жњан ќе добие и шеталиште, велосипедски патеки, уредени плажи со места за нуркање, детски и спортски игралишта, амфитеатар за музички и културни настани, угостителско-туристички објекти и разни придружни објекти за граѓаните и посетителите.

ВИДЕО: Реновирана легендарна плажа Жњан

Властите во хрватскиот град Сплит на почетокот на 2024 година почнаа голем проект за реконструкција и реновирање на Жњан – една од најпознатите плажи во ова подрачје, па работите полека привршуваат, соопштија надлежните. При својата посета, градоначалникот на градот, Ивица Пуљак рече дека отворањето е планирано за почетокот на летната сезона, поточно на 21 јуни.

– Го направивме тоа навреме, за граѓаните да можат да се капат и да уживаат летово. Ова е проект што ја врати гордоста во градот Сплит, бидејќи од почетокот до крајот, од проектирањето до изградбата, го градеа луѓе од Сплит и околината. Изминативе 30 години, чувството дека може да направиме нешто големо со наши сили – беше изгубено, а Жњан е доказ дека можеме!, нагласи Пуљак.

Сплиќани и сите други посетители, имено, ќе добијат комплетно опремен простор, место за одмор, рекреација и создавање нови спомени и плажа којашто ќе стои покрај најдобрите европски плажи.

Жњан ќе стане втората по големина зелена површина во Сплит, со околу 48.000 квадратни метри. Покрај зеленилото коешто ќе го збогати овој доскоро запуштен простор, Жњан ќе добие и шеталиште, велосипедски патеки, уредени плажи со места за нуркање, детски и спортски игралишта, амфитеатар за музички и културни настани, угостителско-туристички објекти и разни придружни објекти за граѓаните и посетителите.

Вредноста на проектот се проценува на 45,5 милиони евра.

To top