Утрово најниска температура -1 степен Целзиусов е измерена во Берово и Лазарополе, а осум степени во Виница.
На Попова Шапка 0 степени, 2 Маврови Анови, 3 Крива Паланка, 4 степени во Скопје-Петровец, Крушево и Струмица, 5 Штип, Тетово, Гевгелија, Куманово, Демир Капија и Велес, 6 степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци и 7 во Охрид и Прилеп.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Максималната температура ќе достигне до 25 степени.