Македонија злоупотреби на службената должност

Широка акција на Финансиската полиција и МВР во прилепската болница

Како што дознаваме, се вршат низа претреси и разговори, поврзани со злоупотреби во Општата болница со проширена дејност во Прилеп.

Широка акција на Финансиската полиција и МВР во прилепската болница

Широка антикорупциска акција на Финансиската полиција и МВР е во тек, дознава КУРИР.

Како што дознаваме, се вршат низа претреси и разговори, поврзани со злоупотреби во Општата болница со проширена дејност во Прилеп.

Направени се претреси на повеќе места низ градот. Акцијата се реализира по налог на надлежните институции и е поврзана со сомневања за евентуални злоупотреби.

Освен во самата прилепска болница, како што неофицијално дознаваме, претреси се вршат и во неколку приватни домови на лица за кои постои сомнение дека се поврзани со случајот.

Повеќе информации очекуваме во текот на денот.

Најнови вести од Македонија

To top