Република „Целим“ од Милано

Донација на амбулантно возило како мобилна клиника за ромската заедница во Прилеп

Во договор со невладината организација ќе направиме скрининг, испитувања на социјално загрозените пациенти. Проектот започна уште минатата година. Поради недостигот а и застареност на амбулантните возила, секако дека возилото е добредојдено. Возилото е целосно опремено со дефибрилатор, ЕКГ- скрининг, за кислородна поддршка и многу ќе помогне, рече Јоноски.

Донација на амбулантно возило како мобилна клиника за ромската заедница во Прилеп

Прилепската болница доби донација амбулантно возило за давање здравствени услуги за потребите на ромската заедница во градот. Возилото е донација од невладините „Целим“ од Милано, Ромскиот ресурсен центар од Скопје и „Рома Перспектив“ од Прилеп, а финансирано од Европската Унија.

Донацијата на возилото е една од активностите во рамки на проектот за обезбедување подобри услови за живеење на ромската заедница во Прилеп, што се имплементира три и пол години. Возилото ќе биде своевидна мобилна клиника и во ромската заедница ќе има основни прегледи најмалку двапати месечно.

-Уште за време на пандемијата направивме истражување за тоа кои се ефектите од Ковид 19 и тогаш произлезе дека голем проблем во ромската заедница е со пристапот до здравствени услуги, па констатиравме дека во болницата е потребно посебно возило. Она што е специфично е дека ова возило не е само транспортно, туку е и мобилна клиника. Со Општината и со болницата договоривме план со кој ќе се овозможуваат основни здравствени прегледи во ромската заедница, најмалку двапати месечно. Тимот од болницата ќе оди редовно да ги спроведува основните здравствени прегледи, а возилото е опремено за тоа, изјави Себитан Демировски, генерален менаџер на Ромски ресурсен центар од Скопје.

Директорот на прилепската општа болница, Кире Јоноски, истакна дека возилото е добредојдено при ситуација од недостиг на амбулантни возила во болницата.

-Во договор со невладината организација ќе направиме скрининг, испитувања на социјално загрозените пациенти. Проектот започна уште минатата година. Поради недостигот а и застареност на амбулантните возила, секако дека возилото е добредојдено. Возилото е целосно опремено со дефибрилатор, ЕКГ- скрининг, за кислородна поддршка и многу ќе помогне, рече Јоноски.

Во Прилеп живеаат околу 5 000 Роми, а има повеќе активности за подобрување на социјално-образовниот и здравствен живот во заедницата. Се работи на донесување на ДУП, на легализирање на целата ромска населба, на подобрување на вработливоста на ромското население, посебно на младите и на жените Ромки.

-Локалната самоуправа останува доследна за реализирање на сите барања, очекувања на нашите сограѓани за да имаат подобар економски и здравствен живот во заедницата, рече прилепскиот градоначалник Борче Јовчески при денешното примопредавање на амбулантното возило во прилепската болница за здравствените потреби на ромската заедница. (МИА)

To top