Кошаркарите на Њујорк Никс триумфираа против Детроит Пистонс со 94-93 и поведоа со 3-1 во серијата од плејофот од НБА-лигата.
Голема драма го одбележа финишот од натпреварот, каде што Карл-Ентони Таунс погоди кога беше најпотребно. Искусниот кошаркар постигна тројка и со тоа го обезбеди триумфот од 94-93.
Најефикасен во победничкиот тим беше Џејлен Брансон со 32 поени и 11 асистенции, додека Таунс постигна 27 поени и девет скокови.
Голема победа за кошаркарите на Минесота во серијата против ЛА Лејкерс во првото коло од НБА-плеј-офот.
„Езерџиите’ се одлепија на десет поени разлика во последната четвртина, имаа и +7 на неколку минути до крајот, но Минесота стигна до победа и предност од 3-1 во серијата. На крајот резултатот од натпревар гласеше 116-113.
Ентони Едвардс натпреварот го заврши со 43 поени, 9 скока и 6 асистенции, а Рендл додаде 25. На другата страна 38 поени запиша Дончиќ, 27 постигна Леброн, а 23 стоеја крај името на Хачимура.