Република СОС Детско село

Во Кавадарци ќе биде отворено подрачно одделение на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства

Преку новите услуги, се унапредува квалитетот на поддршката на згрижувачките семејства и се зајакнува системот на згрижување, со цел секое дете да расте во безбедна, грижлива и поттикнувачка средина, соопштуваат од СОС Детско село.

Во Кавадарци ќе биде отворено подрачно одделение на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства

Во Кавадарци денеска ќе биде отворено подрачно одделение на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, под мотото, „Да ги направиме социјалните услуги достапни во заедницата“, информираат од СОС Детско село.

– Овој настан претставува важен чекор кон промовирање на современи, достапни и локално ориентирани пристапи во грижата за децата. Преку новите услуги, се унапредува квалитетот на поддршката на згрижувачките семејства и се зајакнува системот на згрижување, со цел секое дете да расте во безбедна, грижлива и поттикнувачка средина, соопштуваат од СОС Детско село.

Оттаму ги нагласуваат напорите што се вложуваат заеднички, од страна на институции, граѓански сектор и локални власти, за подобар живот и иднина на децата без родителска грижа.

Најнови вести од Република

To top