Германија продолжува со поддршка на македонската полиција – фокус на борба против криумчарење и организиран криминал
Станува збор за современи технологии кои ќе придонесат за унапредување на националните безбедносни капацитети, особено во делот на граничната контрола, идентификацијата на криминални групи и справувањето со криумчарењето луѓе, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Нашата цел е да ги заштитиме граѓаните и да ги унапредиме институциите на државата“, нагласи министерот.

Амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, посочи дека Германија континуирано ја поддржува Северна Македонија во обезбедувањето стабилност и безбедност, како и во јакнењето на професионалните капацитети на полицијата.
Министерот Тошковски изрази благодарност до Сојузната полиција на Германија и до Амбасадата на Германија во Скопје за континуираната поддршка, нагласувајќи дека соработката ќе продолжи и во иднина со цел дополнително зајакнување на безбедноста и институционалните капацитети.