Иницирана билатерална средба со Надежда Нејнски, фокус на добрососедство и конструктивен дијалог
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска остварил телефонски разговор со новоназначената министерка за надворешни работи на Бугарија, Надежда Нејнски, при што ѝ го честитал преземањето на функцијата и ѝ посакал успешен мандат.
Како што информира Муцунски преку социјалните мрежи, во разговорот било нагласено дека односите меѓу двете земји треба да се темелат на принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка.

Тој посочил дека иницирал билатерална средба во блиска иднина, оценувајќи дека тоа е важен чекор кон одржување отворен дијалог и одговорен ангажман меѓу двете држави.