Во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, денеска беше претставен комплетно реновираниот и опремен Оддел за висцерална и абдоминална хирургија, донација на компанијата „Спорт Лајф“ обложувалници во вредност од околу четири милиони денари.
На прес-конференцијата беше посочено дека годинава, „Спорт Лајф“ има обезбедено дополнителни средства за опремување на истиот простор со 24 нови двомоторни медицински кревети со огради, нови душеци, нов болнички мебел и стативи за инфузија. Согласно потребите на болницата, биле обезбедени и 50 декубитални душеци, 100 лепенки, 10 апарати за мерење притисок и 20 апарати за мерењена гликемија.
Маркетинг директорот на „Спорт Лајф“, Петар Поцков истакна дека со проектот е опфатена целосна обнова на внатрешноста и модернизација на електричните и санитарните инсталации на одделот.
– Покрај реновирањето на холот, на собите на пациентите и на болничкиот персонал, решивме да направиме дополнителни напори просторот да го опремиме и со нов медицински мебел, кој ќе создаде подобри услови за постоперативните пациенти. Сметаме дека тоа беше неопходно за оваа водечка институција за хируршки болести која има огромна традиција и централна улога во нашето здравство. Како општествено одговорна компанија, тука сме да го дадеме својот придонес за развој на општеството и за поддршка на хуманите цели, изјави Поцков.
Директорот на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов, посочи дека Одделот за постоперативна нега на пациентите, со површина од скоро 400 метри квадратни, е целосно обновен и опремен за прием и лекување на пациенти од Oдделот за висцерална и абдоминална хирургија.
– Со оваа интервенција, капацитетот на Одделот за постоперативна нега на пациентите, на површина од скоро 400 метри квадратни е целосно обновен и опремен за прием и лекување на пациенти од Одделот за висцерална и абдоминална хирургија. Опремените простории со нов и модерен медицински мебел и опрема, ќе овозможат подобрени болнички услови за нивна нега и лекување. Нашата клиника е меѓу институциите со долг историјат и традиција и проектите за реновирање и подобрување на условите за лекување по повисоки стандарди се добредојдени и во иднина. Во име на целиот персонал, ja изразуваме нашата благодарност кон „Спорт Лајф“ за оваа значајна поддршка и се надеваме дека ќе биде пример и за другите општествено одговорни компании, изјави Настов.