Утре и во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Од УХМР најавуваат дека денеска во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.