Фудбал церемонија во Лондон

Салах е најдобриот играч во Премиер лигата, Алесија Русо без конкуренција меѓу фудбалерките

Си поставив цел повторно да бидам лидер и мислам дека го постигнав тоа, рече Салах.

Салах е најдобриот играч во Премиер лигата, Алесија Русо без конкуренција меѓу фудбалерките

На церемонија во Лондон, Мохамед Салах и Алесија Русо беа прогласени за најдобри во Премиер лигата од страна на Здружението на фудбалски новинари за сезоната 2024/25.

Салах ја освои оваа награда по трет пат, со што се изедначи со Тиери Анри, кој исто така беше трикратен лауреат.

Напаѓачот на Ливерпул постигна 28 гола и е на врвот на листата на најдобри стрелци во Премиер лигата. Токму неговиот придонес беше непроценлив во освојувањето на титулата.

-Освојувањето на оваа награда е посебно. Се чувствувам привилегиран. Тоа беше голем предизвик за мене. Си поставив цел повторно да бидам лидер и мислам дека го постигнав тоа, рече Салах, кој славеше пред Вирџил ван Дајк, Александар Исак и Деклан Рајс.

To top