Македонија временска прогноза

Претпладне сонце, попладне локален пороен дожд

Претпладне сонце, попладне локален пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер од над 60 километри на час и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 26 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, особено во деновите од викендот.

Најнови вести од Македонија

To top