Македонија

Мицкоски од Тирана: Очекуваме Европа да се држи до своите принципи и да суди според реформите

Премиерот Христијан Мицкоски непосредно пред почетокот на Самитот на европската политичка заедница во Тирана, за ТВ21 кажа дека наскоро ќе ја соопшти убавата вест за Македонија.

Мицкоски за убава вест која што ја најави вчера за Македонија, изјави дека треба да се почека уште неколку часа, при што македонската јавност истата и ќе ја дознае.

Мицкоски очекува Европа да се држи до своите принципи и да суди според реформите.

-Очекувањата се Европа да се држи до своите принципи, тоа се европските вредности, да се суди според постигнувањата и реформите и копенхашките креитеруми, Македонија долго време е жртва на билатерални прашања, одговори на новинарското прашање на ТВ21 премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top