Занимливости туристички дестинации

Места што треба да ги избегнувате за летување ако барате мир и одмор

Индексот на туристички притисок, меѓу другото, се однесува на туристичкиот интензитет на одредено место, односно го споредува бројот на ноќевања од страна на туристите со бројот на жители кои всушност живеат таму.

Места што треба да ги избегнувате за летување ако барате мир и одмор

На третиот по големина остров во Јонското Море живеат околу 40.000 жители, а во 2023 година, тој остров остварил шест милиони ноќевања. Со други зборови, во врвот на сезоната, туристите го надминале бројот на локално население во сооднос од 150:1.

Прекумерниот туризам е проблем што може негативно да влијае на животната средина и квалитетот на животот на одредена дестинација. За да се препознаат ваквите места и да се реши проблемот поврзан со прекумерниот туризам, Европската комисија разви индекс на туристички притисок.

Индексот на туристички притисок, меѓу другото, се однесува на туристичкиот интензитет на одредено место, односно го споредува бројот на ноќевања од страна на туристите со бројот на жители кои всушност живеат таму.

Британскиот бренд Whitch? Travel, кој дава непристрасни прегледи на производи и совети за патување, ги анализирал податоците за да открие кои популарни туристички дестинации се најпренатрупани во Европа и кои треба да се избегнуваат ако не сте љубител на гужви на одмор.

Големи гужви на Закинтос

Се утврди дека најголемите гужви се на Закинтос во Грција. Третиот по големина остров во Јонското Море, именуван по синот на тројанскиот крал Дардан, е меѓу најпопуларните дестинации во земјата.

На Закинтос живеат околу 40.000 жители, а во 2023 година, тој остров остварил шест милиони ноќевања. Со други зборови, во врвот на сезоната, туристите го надминале бројот на локалното население во сооднос од 150:1.

Повеќето туристи што го посетуваат Закинтос одат во одморалиштата на јужната страна од островот, како што се Лаганас, Каламаки, Циливи и Аргаси, особено во јули и август. Туристите се привлечени од неговиот возбудлив ноќен живот, но и од неговите прекрасни плажи.

Хрватска и прекумерниот туризам

Медиумите известуваат дека Закинтос се бори со милиони посетители секоја година – патиштата, фериботите, пристаништата и аеродромите се преполни – и со луѓе и со багаж. Голем број туристи вршат притисок врз локалната електрична мрежа, како и врз објектите за отстранување на отпад.

Но, Хрватска има проблеми и со прекумерниот туризам, сугерира Which? Travel. Истра е веднаш зад Закинтос на табелата на најпреполни туристички дестинации во Европа и има 133 туристички ноќевања по глава на жител од локалното население.

Кога станува збор за поголемите градови, индексот на туристички притисок подобро се гледа низ призмата на бројот на ноќевања по квадратен километар во одредена дестинација. Студијата покажа дека Париз е најпреполн по тој параметар, по што следат Атина и Копенхаген.

To top