Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување камен темелник на училишна спортска сала во подрачен објект на ОУ „Гоце Делчев“ во село Долно Лисиче, Општина Аеродром, соопшти владината прес-служба.
Површината на спортската сала е 650 метри квадратни, а вредност на инвестиција изнесува 31.989.202 денари, средства обезбедени од Министерството за образование и наука.
Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.