Македонија УХМР

Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници

Треба да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции и да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води. Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува под отворен простор, порачуваат агрометеоролозите.

Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници

Променливото време со повремени врнежи од дожд ги одржува земјоделските култури во активна состојба, со доволно влага во почвата, но претставува и своевиден ризик за појава на плевели, болести и штетници поради големата релативна влажност на воздухот, велат агрометеоролозите од УХМР.

Поради тоа препорачуваат производителите да посветат поголемо внимание на заштита на посевите.

Според агрометеоролозите, новите врнежи прогнозирани за оваа недела ќе придонесат за дополнување на вештачките акумулации.

-На некои места, претежно во североисточните и источните подрачја, минатата недела имаше поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер (над 60 km/h) и со изолирана појава на град. Тоа нанесе штета кај некои земјоделски површини. Ноќта во петокот кон саботата и во саботата претпладне беше нестабилно со локални поројни врнежи од дожд и грмежи. Преодно стабилизирање на времето имаше во недела, а денеска, како и вчера, се очекуваат повремени врнежи. При вакви временски услови земјоделските производители треба да посветат поголемо внимание на заштита на посевите од плевели, од појава на болести и штетници, да преземат содветни агротехнички мерки поради постоење оптимални услови за нивно ширење и развој, советуваат агрометеоролозите.

Воедно предупредуваат производителите да преземат мерки за уништување на плевелите како што е плитката обработка на почвата, бидејќи нивната појава може значително да ги намали приносот и квалитетот.

-Треба да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции и да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води. Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува под отворен простор, порачуваат агрометеоролозите.

To top