Република Регион ИСПОЛНЕТ УСЛОВОТ ЗА ПОГОЛЕМА КУРДСКА АВТОНОМИЈА

Милитантната Курдска работничка партија (ПКК) СЕ САМОРАСПУШТИ

„Ја остваривме својата историска мисија. На Конгресот решивме да ја распуштиме организациската структура на ПКК и да го завршиме оружениот отпор. Нашата борба го доведе прашањето на Курдите до ниво на решавање преку демократски политички процес“, објави групата.

Милитантната Курдска работничка партија (ПКК) СЕ САМОРАСПУШТИ

Милитантната група Курдската работничка партија (ПКК), која повеќе од четири децении водеше крвава војна со турските власти, објави дека се распушта и дека ќе го предаде оружјето.

„Ја остваривме својата историска мисија. На Конгресот решивме да ја распуштиме организациската структура на ПКК и да го завршиме оружениот отпор. Нашата борба го доведе прашањето на Курдите до ниво на решавање преку демократски политички процес“, објави групата.

На распуштање на ПКК пред неколку месеци повика нејзиниот лидер Абдула Оџалан, кој отслужува доживотна робија во затвор.

Оџалан во 1978 година ја формираше Курдската работничка партија со манифест во кои барањето за автономија на Курдите беше комбинирано со социјалистички економски принципи. Во 1984 ПКК крена оружје против властите и набрзо прерасна во герилска сила со 10.000 борци. Во војната во изминатите 40 години загинаа повеќе од 40.000 луѓе.

Анкара ја прогласи ПКК за терористичка група. Претседателот Реџеп Таип Ердоган го постави како главен услов расформирањето на ПКК за да почне дијалог за барањата на Курдите за поголема автономија.

To top