Ристе Симеонов, националниот координатор за здравство во владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ зборуваше за дигитализацијата каде посочи дека во моментот се спроведува национален едношалтерски систем во кој е вклучено и здравството.
– Дигитализацијата е многу битен дел, сегмент. Во моментот се спроведува национален едношалтерски систем во кој што е вклучено и здравството. Во однос на дигитализацијата во Фондот веќе функционира електронската рецепта, помеѓу матичните доктори и аптеките. Во фаза на имплементација е мобилна апликација за секој корисник на здравствено осигурување каде што може корисникот во секое време да прати колку специјалитички-консултативни болнички услуги има искористено, колку електронски рецепти, за пациентите каде што се потребни ортопедски помагала исто може да се има увид во тој систем. Во фаза на имплементација е биомедицинското потпомогнато оплодување „ин-витро“ каде ќе се спроведува со комплетна дигитализација. Така да тој процес на дигитализација веќе е започнат и се надевам дека во брзо време, во наредни неколку месеци или година ќе профункционира во целиот здравствен систем, рече Симеонов и додаде:
– Целта е здравство без хартија.
Тој во текот на своето гостување говореше и за зголемувањето на платите кај здравствените работници при што истакна дека тоа е еден од условите за функционален и квалитетен здравствен систем и дека тоа е процес кој што треба да има континуитет и редовност.
– Зголемување на плати во здравство е еден од условите за функционален и квалитетен здравствен систем. Задоволни здравствени работници значи задоволни пациенти. Зголемувањето на платите е процес кој што треба да има континуитет и редовност, тоа значи на одреден временски период да се зголемуваат платите во здравството, кажа Симеонов.
Тој исто така додаде дека услов за квалитетен здравствен систем е и модерната и современа инфраструктура, опремата, едукација на здравствените работници како и селекцијата.
– Меѓутоа не е само зголемување на платите услов за квалитетен здравствен систем. Потребна е и модерна и современа инфраструктура. Исто така модерна и современа опрема, едукација на здравствените работници и што е најбитно, селекција. Селекцијата на здравствените работници по мене е најбитниот фактор за функционален и здравствен систем, порача Симеонов.
На крај Симеонов се осврна и на зголемување на капитациониот бод каде укажа дека тоа е одлука за поздравување и тоа е битен стимул да матичните доктори даваат квалитетни здравствени услуги.
– Исто така за поздравување е зголемување на капитациите на матичните доктори, стоматолози и гинеколози затоа што со години тоа не е направено. Тоа е битен стимул за да матичните доктори даваат квалитетни здравствени услуги. Примарното здравство и матичните доктори се столбот на здравствениот систем, таму се спроведува скрининг програмата за одреда.