Македонија очајнички потези со лажни анкети

СДС измислува анкети, Филипче си ги лечи фрустрациите со лажни бројки

СДС измислува анкети, Филипче си ги лечи фрустрациите со лажни бројки

Венко Филипче, министерот кој ја остави државата без лекови и граѓаните без здравствен систем, сега се обидува да ја третира реалноста со анкети по негова мерка – лажни, невалидни и политички наредени.

Повеќе од јасно е дека болката од катастрофалниот пораз сè уште го држи буден, па наместо да се соочи со вистината, си измислува падови каде што има раст, констатира ВМРО-ДПМНЕ.

Ако има елементарна пристојност – каква што очигледно нема – Филипче треба да покаже барем една релевантна анкета каде СДС има повеќе од 6%. Само една. Без вашиот партиски „анкетен софтвер“, без вашите партиски портали и без вашиот кујнски штаб. Да видиме, дали постои барем едно истражување на јавноста кое ја потврдува фантазијата што ја продава Филипче овие денови?

Вашите анкети покажуваа и пред изборите лани дека ќе победите и дека ќе формирате влада со сите албански партии, нудејќи им сè живо и диво на ДУИ. Оттука ги разбираме обидите на Филипче да ги „раздвижи“ и мотивира и оние малкумина поддржувачи што ви преостанаа. Не се сомневаме ни дека истите анкетари кои ви ги правеа тие анкети денес се и политички советници кај Филипче, па мора да си ја оправдаат платата и да му сервираат секакви глупости. А тој, како неврохирург, го разбираме зошто се доведува во ситуација да им верува. Но, се ближат избори и повторно ќе се увери дека го лажат – или, пак, неговото членство, она што остана, ќе се увери дека тој ги лаже нив.

Вистината е една – ВМРО-ДПМНЕ има стабилна поддршка, а СДС продолжува да биде во слободен пад и со празни митинзи. Народот не заборава: здравствениот криминал, тендерите и неспособноста се синоними за времето на Филипче и Заев.

Времето на лагите помина.

СДС и нивните „анкетари“ остануваат длабоко во минатото.

Најнови вести од Македонија

To top