Првата дама Брижит Макрон му удира шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон, беше објавено видео кое брзо стана вирално додека социјалните мрежи се преполни со теории.
Сите шпекулираат дали ова бил вистински удар, или шега меѓу сопружниците.
🚨 Breaking
French President #Macron's wife slaps him in face
pic.twitter.com/Ye9BGDqg84— Backchod Indian (@IndianBackchod) May 26, 2025
Пристигнувањето на францускиот претседател во Ханој, Виетнам, предизвика бура на социјалните мрежи откако беше објавено видео на кое неговата сопруга Брижит го удира во лицето со двете раце додека се отвораат вратите од претседателскиот авион.
Елисејската палата првично сугерираше дека снимката е генерирана од вештачка интелигенција, но подоцна потврди дека снимката е автентична.
Видеото брзо стана вирално на социјалните медиуми и беше претежно споделувано на профили
„Ова беше момент на интимна блискост меѓу сопружниците. Не требаше долго време за да се лансира нов бран теории на заговор“, соопшти тимот на претседателот, додавајќи дека негативните коментари дошле претежно од проруската орбита.