Во Истанбул почна првиот состанок помеѓу САД, Украина и Турција, изјави неименуван извор од турското Министерство за надворешни работи.
Во Истанбул пристигна и американскиот државен секретар Марко Рубио и предвидени се средби со турски и украински претставници.
Претходно, украинскиот советник за национална безбедност Андриј Јермак, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и министерот за одбрана Рустем Умеров имаа средба со советниците за национална безбедност на Велика Британија, САД, Германија и Франција.