Република УГД-Штип

Во Штип тракалезна маса по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Никогаш не треба да се плашиме за иднината на нашиот јазик, меѓутоа како сенешто и на јазикот му треба постојано негување, имајќи предвид дека тоа е жив организам, жива материја, којашто потојано прима нешто ново, нешто исфрла. Меѓутоа опстојувањето на македонскиот јазик, според мене никогаш нема да биде загрозен, доколку правилно се пренесува, вели Караниколова-Чочоровска.

Во Штип тракалезна маса по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Доколку правилно се пренесува, никогаш нема да биде загрозено опстојувањето на македонскиот јазик, порача Луси Караниколова-Чочоровска универзитетски професор на Филолошки факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип на денешната тракалезна маса во Штип. На настанот по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик присуствуваа универзитетски професори, лингивисти и студенти од штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“. Караниколова-Чочоровска истакна дека имаме стабилен систем, но треба да се негува, посебно во време кога имаме постојан наплив од странски зборови.

-Никогаш не треба да се плашиме за иднината на нашиот јазик, меѓутоа како сенешто и на јазикот му треба постојано негување, имајќи предвид дека тоа е жив организам, жива материја, којашто потојано прима нешто ново, нешто исфрла. Меѓутоа опстојувањето на македонскиот јазик, според мене никогаш нема да биде загрозен, доколку правилно се пренесува, вели Караниколова-Чочоровска.

Јовица Ничевски директор на Националната Универзитетска-Библиотека (НУБ)„Свети Климент Охридски„-Скопје изјави дека во библиотеките има цел арсенал со книги, а со кои може да се одбрани постоењето на македонскиот јазик и идентитет. Овде треба да се споменат книгите и ракописите од 13 век, како и книгите напишани после кодификацијата на нашиот јазик.

-Оваа година правеме 150 години од од речникот на Пулевски, односно „Тројазичникот”, којшто е некаков вовед во таа кодификација на македонскиот јазик. Го имаме исто и „За македонцките работи„ од Мисирков, 1903. Значи, зборувам за изданија пред 1944, кои се некаков начин да се кодифицира македонскиот јазик. Имаме тежок арсенал во одбрана на македонскиот јазик, рече Ничевски.

На штипскиот Филилошки факултет на 28 мај ќе се одржи и работилница за студенти , поврзана со правопис и правописни грешки.

To top