Во тек ли е лажна катарза во СДСМ, чин со кој партијата од Бихаќка целата одговорност за сите зла нанесени кон Македонија и македонскиот народ ќе ги трансферира/префрли на адреса на ДУИ? Сања Лукаревска вчера се откажа од „Ѓаволот“, кои ќе бидат двајцата следни нејзини сопартијци кои ќе се откажат од ДУИ и Ахмети? Така барем се откажувате од ѓаволот, мора три пати…
За последните изјави на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и најавите за протести, СДСМ оценува дека правото на протест е загарантирано право и тука нема дилема. Сепак, според пратеничката Сања Лукаревска, општа констатација и перцепција била дека откако ДУИ се во опозиција, слушале само за шатори пред Уставен суд или имаме одредени изјави за можни немири. Сега најново е најава за некакви протести и дека ќе се приклучат на протестите на родителите на настраданите во Кочани, истакнува пратеничката.
– Заслужуваат да останат длабоко во опозиција затоа што на овој народ му е доволно од пречките кои што ги имаме меѓу политичари од различни партии, а како капак на ова да слушаме дека ќе има протести затоа што некој смета дека веќе не е на власт и не може да ги влече конците како што беше претходно, рече Лукаревска во емисија на Канал 5.
Според неа, „не може само СДСМ да ја плати цената на нивното однесување“.
Значи, тука лежи зајакот ценат аналитичарите за Курир, СДСМ бара во најмала рака подделена одговорност за злодејанијата кон Македонија, а по можност и целосна на ДУИ.Не дека Ахмети не залужува да понесе многу од истата, ама врхушката од Бихаќка мора да понесе дел од неа и да му се извини на народот за она што го сторија Заев и Ковачевски.
Македонската јавност е во очекување кои се следните двајца од Бихаќка кои ќе ја откажат љубовта на Мала Речица. Или, сепак, ќе испадне дека Лукаревска солира и дека на СДСМ соработката со ДУИ им е пребитна. За кога по 50 години ќе се вратат на влaст, да имаат со кого да коалицираат, се шегуваат на социјалните мрежи…
Околу тоа кои ќе бидат „следните двајца кои ќе се откажат од ѓаволот/ДУИ“, во кладилниците фаворити за „откажувачи“ биле Филипче и Славјанка.
Граѓаните се шегуваат „Нема да биде тешко да се најдат двајца. Од тројцата кои останаа во партија…“