Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

-Дали е нешто поврзано со бизнис или некаков друг вид на мотив? Таравари докажа дека не е стабилен човек. Таравари сега треба јасно да каже пред граѓаните, како тоа ДУИ за 10 месеци од криминална и корумпирана партија, за него стана правата и вистинска опција, вели Ковачки.

Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДС и ДУИ. Таравари дојде на власт со ветување пред граѓаните дека заедно ќе ги испратиме ДУИ во опозиција. Што се случи за само 10 месеци, за Таравари повторно да се врати во прегратките на ДУИ? Неговото неразумно однесување, мора да се должи на уцена и диктат на криминалното дуо, СДС и ДУИ, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-За нештата да бидат појасни, граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината. А таа е следната. Таравари на состаноците во Владата, никогаш не бил слушнат да зборува за застојот во ЕУ интеграциите, кој се случи благодарение на неговите старо нови партнери, СДС и ДУИ. Таравари не беше слушнат да говори за тоа дека не биле добро третирани албанските прашања, затоа што и самиот тој многу пати има говорено дека Владата и тоа како се грижи за Албанците. Во недостаток на факти и аргументи, Таравари своето алиби за напуштање на владината коалиција, го темели на ЕУ интеграциите и на албанските прашања, кои за разлика од порано и тоа како се променети, рече пратеникот.

Ковачки вели дека иако неговите констатации немаат никаква врска со реалноста, Таравари треба јавно да одговори со што е уценет од СДС и од ДУИ.

-Дали е нешто поврзано со бизнис или некаков друг вид на мотив? Таравари докажа дека не е стабилен човек. Таравари сега треба јасно да каже пред граѓаните, како тоа ДУИ за 10 месеци од криминална и корумпирана партија, за него стана правата и вистинска опција, вели Ковачки.

Најнови вести од Македонија

To top