Култура „Меѓународна награда Да за уметност“

Љутков: Оваа награда е уште една потврда за големата важност на уметноста во општественото живеење

Министерот за култира и туризам упати благодарност до Изборната комисија на Медитеранските меѓународни театарски награди за оваа чест.

Љутков: Оваа награда е уште една потврда за големата важност на уметноста во општественото живеење

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков соопшти дека комисијата за Медитарански меѓународни театарски награди од Турција му доделила признание, наградата „Меѓународна награда Да за уметност“.

-Со големо радост ја примив веста за укажана чест на реномираната комисија за Медитарански меѓународни театарски награди од Турција која ми го додели големото признание, наградата „Меѓународна награда Да за уметност“, објави на својот фејсбук профил министерот Љутков.

-Оваа награда не е само признание за моите напори за силен развој во областа на театарот и културата воопшто, туку и уште една потврда за големата важност на уметноста во општественото живеење. Им се заблагодарувам на сите соработници, на пријателите и поддржувачите кои ми помагаат сите овие години на мојата работа и целосна посветеност на културата. Ова признание е резултат на заедничките напори и апсолутната заложба за развој на уметноста и културата во нашата земја, особено во реализацијата на меѓународни фестивали, како и за активниот придонес на сцената како додатен импулс за поголеми театарски и културни височини на домашната, а со тоа и на меѓународната сцена, истакана Љутков.

Министерот за култира и туризам упати благодарност до Изборната комисија на Медитеранските меѓународни театарски награди за оваа чест.

-Со нетрпение очекувам да се сретнеме на церемонијата на врачување на наградите што ќе се одржи на 20 септември оваа година, кога заедно со другите наградени од седум провинции од Медитеранскиот регион на Турција и од седум други и земји, заедно ќе ја славиме културата и придонесот на уметниците во развојот на светот, потенцира Љутков.

To top