Хроника

Унгарски државјанин приведен при обид за шверцување на дрога

Приведен унгарски државјанин на Граничен премин Табановце, пронајдена е дрога во возилото кое го управувал

Унгарски државјанин приведен при обид за шверцување на дрога

На 20.05.2025 во 08.20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишија од слобода Ц.З.(47) од Унгарија. При гранична контрола и преглед во возилото со унгарска национална ознака, кое го управувал, над ветробранско стакло во тапацир пронајдена и одземена е марихуана. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а дрогата е одземена за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top