Фудбал порака

Мбапе ги стави во втор план сите трофеи на Модриќ: Освои две нешта кои немаат цена! (ФОТО)

Лука Модриќ со емотивно писмо го најави своето заминување од Реал Мадрид, а самото тоа предизвика голем број реакции на социјалните мрежи, и тоа воглавно од неговите соиграчи и колеги.

View this post on Instagram

A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe)

Влијанието кое го имаше Модриќ врз Реал Мадрид во изминатите 13 години најдобро е изразено низ бројки кои велат дека е најтрофеен играч во историјата на клубот, па во сезоната која испадна последна за него во „кралскиот клуб“, Килијан Мбапе имаше шанса да се запознае со хрватскиот маестро.

Французинот почека да стивнат реакциите пред да му испрати срдечна порака на својот соиграч, на кого му порача дека најголем успех не му се сите освоени титули, туку почитта и восхитувањето од цел фудбалски свет.

– Брате, имав среќа да играм и да ја делам соблекувалната со тебе оваа сезона. Одблиску видов што значи ГОЛЕМИНА……

– Покрај тоа што си еден од најдобрите играчи на сите времиња, ти си извонредна личност. Испиша историја во најдобриот клуб во светот, го правеше тоа повеќе од една декада и освои се. Но што е поважно, освои нешто што нема цена, а тоа се почитта и восхитта од целиот свет, – порача Мбапе.

To top