Свет Истанбул

Руте: Русија е на ред да го направи следниот чекор во преговорите за мир со Украина

Почетокот на директните преговори Русија – Украина е предвиден за денеска во 10:00 часот во Истанбул.

Руте: Русија е на ред да го направи следниот чекор во преговорите за мир со Украина

Русија е на ред да го направи следниот чекор во преговорите за мир со Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во Анталија.

-Украина е подготвена за прекин на огнот и итни преговори, додаде Руте кој во турскиот туристички град Анталија учествува на неформалниот состанок на министри за надворешни работи од земјите членки на НАТО.

-Сега е ред на Русија да гарантира дека ќе ги направи следните неопходни чекори, рече Руте.

Почетокот на директните преговори Русија – Украина е предвиден за денеска во 10:00 часот во Истанбул.

Министерката за надворешни работи на Летонија, Бајба Браже, изјави во Анталија дека не се гледаат никакви знаци дека Русија сака мир во Украина и оти е важно да се ослабат воените способности на Москва.

-Ослабувањето на воениот капацитет на Москва е најдиректниот и најевтиниот начин за постигнување мир во Украина, рече Браже. (МИА)

To top