Свет Мировни преговори

Русија сè уште не потврди дали Путин ќе се сретне со Зеленски во Истанбул

„Руската делегација ќе ја чека украинската делегација во Истанбул в четврток“, рече Песков, без да понуди дополнителни детали за тоа кој ќе ја претставува Москва.

Русија сè уште не потврди дали Путин ќе се сретне со Зеленски во Истанбул

Русија сè уште не потврди дали претседателот Владимир Путин ќе отпатува во Турција утре на мировните преговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави денеска дека руската делегација на преговорите во Истанбул ќе биде објавена кога Путин ќе издаде наредба.

„Руската делегација ќе ја чека украинската делегација во Истанбул в четврток“, рече Песков, без да понуди дополнителни детали за тоа кој ќе ја претставува Москва.

Зеленски ја потврди својата намера лично да отпатува во Турција за да се сретне со Путин, тврдејќи дека нема да преговара со ниедна друга личност, бидејќи рускиот претседател е оној што донесува одлуки во конфликтот со Украина.

Последните директни преговори меѓу Киев и Москва се одржаа кратко време по целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година и завршија без успех.

Разговорите во Истанбул треба да се одржат неколку дена откако европските лидери се собраа во Киев за да извршат притисок за итно 30-дневно примирје, предупредувајќи за понатамошни санкции доколку Русија не се придржува. (МИА)

To top