Американскиот државен секретар Марко Рубио разговараше со европските партнери за „понатамошниот пат за прекин на огнот“ во Украина, соопшти Стејт департментот.
Тој имаше разговор со министрите за надворешни работи на Франција (Жан-Ноел Баро), на Германија (Јохан Вадефул) на Полска (Радослав Сикорски), на Велика Британија Дејвид Лами.
Во разговорот учествувале и украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, како и високата претставничка на Европската Унија Каја Калас.
Тие разговараа за идните чекори кон прекин на огнот и патот кон мир во Украина.
Зголемената дипломатска активност следува откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека е можно да допатува во Турција, на евентуалните директни преговори меѓу Киев и Москва. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин повика на директни украинско-руски преговори во Истанбул, на што, неговиот украински колега Володомир Зеленски одговори дека лично ќе го чека во Турција.