Во голема операција на италијанските карабинери, спроведена по налог на Обвинителството за борба против мафијата (ДДА) од Реџо ди Калабрија, уапсени се 97 осомничени.
Акцијата се спроведува на подрачјето на Реџо ди Калабрија, но и во други градови низ Италија, а се апсат некои од најважните кланови на мафијата Ндрангета, пренесе Анса.
Осомничените се товарат за различни кривични дела, вклучувајќи припадност на мафијашка организација, помагање мафија, здружување со цел меѓународна трговија со дрога, поседување и продажба на наркотици, изнуда, киднапирање заради изнуда, мафијашки политички изборен договор, како и поседување и носење оружје.