Скопје

Статуа на акад. проф. Јордан Грабул ќе биде откриена во дворот на средното уметничко училиште ,,Лазар Личеноски“

Во Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн ,,Лазар Личеноски“ – Скопје денеска свечено ќе биде откриена статуата на акад. проф. Јордан Грабул, дело на професорката Елена Дуковска.

Статуата во дворот е поставена веднаш до статуите на Никола Мартиноски, Димо Тодоровски и Лазар Личеноски. Средното уметничко училиште на овој начин го одржува сеќавањето и почитта на делото на овие големи уметници и професори.

Средното уметничко училиште е формирано на 01.12.1944 на АСНОМ, со потпис на претседателот на президиумот Методија Андонов Ченто и оттогаш претставува расадник на кадри и македонски бисер на ликовната уметност, како единствено уметничко училиште во државата.са/

To top