Скопје Општина Аеродром

Долно Лисиче за првпат добива спортска сала

Оваа сала, освен за одржување на редовната настава во рамките на училиштето, ќе претставува и место каде што жителите на Долно Лисиче ќе можат да тренираат и да се запознаат со различни спортови за што досега одеа во други населби.

Долно Лисиче за првпат добива спортска сала

Долно Лисиче за првпат добива спортска сала во рамките на подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ со површина од 650 м2.

Изградбата на спортската сала е финансирана од македонската Влада, односно од Министерството за образование и наука, во вредност од 31.989.202,00 денари, а рокот за изведба е 10 месеци.

На почетокот на градежните активности денеска присуствуваа в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и со министерката за образование и наука, Весна Јаневска, кои го поставија и камен-темелникот на спортската сала.

Митески истакна дека станува збор за капитален и многу значаен проект не само за Долно Лисиче, туку и за Аеродром воопшто, затоа што учениците, наместо како досега во училници или на отворено, конечно ќе можат да имаат часови по физичко и здравствено образование во соодветни и современи услови.

Во ова подрачно училиште учат над 200 ученици кои за неколку месеци ќе добијат сала изградена според сите современи стандарди.

Оваа сала, освен за одржување на редовната настава во рамките на училиштето, ќе претставува и место каде што жителите на Долно Лисиче ќе можат да тренираат и да се запознаат со различни спортови за што досега одеа во други населби.

Општина Аеродром

Премиерот Мицкоски го поздрави отпочнувањето на градежните активности и истакна дека изградбата на секој нов објект и реализацијата на секој ваков проект значи додадена вредност на квалитетот на живот на граѓаните.

Со оваа сала на младите ќе им се понуди пристап и избор до голем број спортови со што се надеваме дека во голема мера ќе се развие спортскиот дух кај младата популација во овој дел од Аеродром.

Токму во таа насока, министерката за образование и наука, Јаневска го истакна значењето на предметот физичко и здравствено образование во психофизичкиот развој на учениците. Јаневска посочи дека Министерството за образование и наука периодов вложува околу две милијарди денари за реализација на 30-ина капитални објекти со што значително ќе се зајакне образовната инфраструктура во земјава.

-Благодарност за соработката и за безрезервната поддршка од централната власт. Општина Аеродром продолжува континуирано и посветено да работи на создавање уште подобри и поквалитетни услови за правилен раст и развој на нашите млади жители и токму затоа инвестирањето во вакви капитални проекти е клучно за создавање здрава младина која е нашата иднина, велат од општината.

To top