Од регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информираа дека по добиено известување од ЕВН Македонија АД, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 22.05.2025 година (четврток) без електрична енергија ќе останат општина Аеродром и општина Студеничани.
Без електрична енергија денеска од 9 до 15 часот ќе останат корисниците од ул. „Тодор Чангов“ крак – 5, Општина Аеродром, како и корисниците на потегот од Китка кон Солунска Глава, вклучувајќи ги и викендиците на Китка и местата: Алдинци, Преслап, Палиград и Караџица, Општина Студеничани.