Македонија во студиската 2025 /2026 година

ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МО И АРМ: Конкурси за питомци и студенти за прв и втор циклус студии на Воената академија

Конкурсот за запишување питомци и студенти на прв циклус студии, се објавува за потребите на Министерството и Армијата, како и за потребите за управување со кризи и заштита и спасување.

ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МО И АРМ: Конкурси за питомци и студенти за прв и втор циклус студии на Воената академија

Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ објави Конкурс за запишување питомци и студенти на прв циклус студии и Конкурс за запишување на студенти на втор циклус на студии во студиската 2025 /2026 година.

Конкурсот за запишување питомци и студенти на прв циклус студии, се објавува за потребите на Министерството и Армијата, како и за потребите за управување со кризи и заштита и спасување.

-Ги повикуваме сите заинтересирани млади лица кои својата иднина ја гледаат како дел од институцијата со најголема доверба кај граѓаните, идни офицери во македонската Армија, кои имаат завршено (4годишно) средно образование и не се постари од 21 година, да ги достават своите пријави заедно со потребната документацијата наведена во Конкурсот, во деловодството на Воената академија или електронски на следниов меил: [email protected]  најдоцна до 20.06.2025 година, се вели во соопштението.

Додека сите заинтересирани кандидати за Конкурсот за втор циклус на студии, можат да се пријават најдоцна до 12.09.2025 година на следните магистерски студиски програми:

-Безбедност и одбрана

-Управување со кризи и заштита и спасување

-Сајбер безбедност и дигитална форензика.

Подетални информации може да се најдат на самите конкурси кои се објавени на веб страната на Воената Академија,

https://ma.edu.mk/competitions/250528-konkurs-za-zapishuvane-studentipitomci-za-potrebite-na-ministerstvoto-za

https://ma.edu.mk/competitions/250528-konkurs-za-zapishuvane-studenti-na-vtor-ciklus-na-studii-na-voenata-akademija, каде што се достапни сите детали во врска во општите услови, критериумите, роковите како и постапката за спроведување на конкурсите во целост.

 

Најнови вести од Македонија

To top