Македонија

Врв на дилетантизам: ОДБИ наместо ДОБИ – СДСМ лиферува соопштенија преполни со печатни грешки

По грешките и прес-конференциите на кои измешаа две сосема различни личности и атакуваа врз АНАСТАСИЈА ИЛИЕВСКА од ТВ Алфа, мешајќи ја со друга и клеветејќи дека добила државна функција, за да потоа истиот центар на дезинформации до партијата пушти ултра-бајато видео од заменик-министерката Викторија Трајков, старо неколку години – претставувајќи го како ново, СДС деновиве во паника почна се’ почесто да прави и сериозни печатни грешки во соопштенијата.

Врв на дилетантизам: ОДБИ наместо ДОБИ – СДСМ лиферува соопштенија преполни со печатни грешки

Македонија сведочи на врв на дилетантизам и аматеризам, невиден досега од една сериозна партија.

По грешките и прес-конференциите на кои измешаа две сосема различни личности и атакуваа врз АНАСТАСИЈА ИЛИЕВСКА од ТВ Алфа, мешајќи ја со друга и клеветејќи дека добила државна функција, за да потоа истиот центар на дезинформации од партијата пушти ултра-бајато видео од заменик-министерката Викторија Трајков, старо неколку години – претставувајќи го како ново, СДС деновиве во паника почна се’ почесто да прави и сериозни печатни грешки во соопштенијата.

Грешки, кои го менуваат сосема значењето на и онака шпекулативната сторија за која толку се „измачиле“, коментираат граѓаните по социјалните мрежи.

Така, велат во уплав од последиците од ефектот на Договорот за стартешко партнерство со Велика Британија кој ги ничкоса, тие панично пуштаат соопштение за фирма која ОДБИЛА, а не ДОБИЛА наводен тендер од МВР. Па благодарение на дилетантизмот имате:

„СДСМ на терен: Нема ни траг од фирмата што одби тендер од МВР“.

Во прилог е принтскринот од соопштението од Бихаќка.

Најнови вести од Македонија

To top