Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска одбележува 18 години од основањето со настан за промоција на партнерствата и соработките со локалната заедница, бизнис секторот и меѓународните институции.
На настанот „18 години УГД – Партнерства и соработки” во мултимедијалната сала на УГД ќе се одржат три панел дискусии: УГД и локалната заедница, УГД и бизнис секторот и Меѓународната соработка на УГД.
На панелите е планирано учество на ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип, Дејан Мираковски, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, проректорите за инвестиции и развој, Дарко Лазаров, и за меѓународна соработка Ана Никодиновска Крстевска, како и претставници на бизнис секторот.