Македонија длабока почит и благодарност

УКИМ ќе му додели звање почесен професор на Питер Марк од Рурскиот универзитет во Германија

Наградата на проф. д-р Питер Марк ќе му ја додели ректорката на Скопскиот универзитет, проф. д-р Биљана Ангелова.

УКИМ ќе му додели звање почесен професор на Питер Марк од Рурскиот универзитет во Германија

Во рамки на одбележувањето на 76-годишнината од основањето и патрониот празник, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе го одликува проф. д-р Питер Марк од Рурскиот универзитет во Бохум, Германија, со звање почесен професор (Professor Honoris Causa).

УКИМ соопшти дека признанието е во знак на неговите исклучителни научни и академски достигнувања, како и за долгогодишната поддршка и соработка во областа на инженерството и технологијата.

Наградата на проф. д-р Питер Марк ќе му ја додели ректорката на Скопскиот универзитет, проф. д-р Биљана Ангелова.

УКИМ наведува дека звањето Professor Honoris Causa „претставува израз на длабока почит и благодарност, но и потврда на вредностите кои УКИМ ги негува: квалитет, интегритет, посветеност и академска соработка без граници“.

-Професор Марк е истакнат научник во областа на градежните конструкции, бетонските конструкции и современи градежни материјали. Со децении наназад, тој е еден од водечките имиња во европскиот и светскиот инженерски академски простор, автор на бројни публикации, носител на значајни истражувачки проекти и ментор на генерации инженери и докторанди кои и денес го следат неговиот пример и професионална посветеност, соопшти УКИМ.

Најнови вести од Македонија

To top