Македонија работна средба со амбасадор на Катар

Тошковски: Иницијативата за склучување на заедничка декларација за заемно признавање на возачките дозволи

На средбата беа потврдени пријателските односи помеѓу двете држави и беа разгледани можностите и потенцијалите за соработка помеѓу двете министерства и полиции.

Тошковски: Иницијативата за склучување на заедничка декларација за заемно признавање на возачките дозволи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски денеска оствари работна средба со вршителот на должноста амбасадор на Катар, Н.Е. Рашид Бин Саид Ал-Кајарин.

На средбата беа потврдени пријателските односи помеѓу двете држави и беа разгледани можностите и потенцијалите за соработка помеѓу двете министерства и полиции.

-Ја обновив иницијативата за склучување на заедничка декларација за намери за заемно признавање на возачките дозволи. Беа разгледани и сите други аспекти на соработка во областа на безбедноста и полициското работење, размена на информации, едукација на полициски служби, како и соработка во борбата против сите видови организиран криминал, потенцира министерот Тошковски.

Најнови вести од Македонија

To top