Македонија временска прогноза

Сончево време, температурата до 27 степени

Сончево време, температурата до 27 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 27 степени.

УХМР најави дека во наредните денови следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Најнови вести од Македонија

To top